За брзо возење 302 санкции на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во рамки на зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 302 возачи.

Од нив, соопштија од МВР, 12 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 133 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 168 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.