За брзо возење 504 санкции на територија на цела држава

LinkSense.mk

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 504 возачи.

МВР денеска соопшти дека од нив, 54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

„Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 73, а потоа на територија на СВР Штип – 62, на територија на СВР Битола – 61…, се наведува во соопштението и се најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.