Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » За високите сметки за струја може да се поднесе приговор до „ЕВН хоум“ и РКЕ, велат од Министерство за енергетика
Економија

За високите сметки за струја може да се поднесе приговор до „ЕВН хоум“ и РКЕ, велат од Министерство за енергетика

март 4, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од 820 илјади броила во Македонија, во „ЕВН хоум“, во периодот од декември минатата година до јануари годинава, пристигнале 15 000 приговори, но како што информираат оттаму, само 15 отсто од овие пријави се ревидирани според новопрочитана состојба. За останатите било утврдено дека немале основ, бидејќи вредноста на сметката била соодветна на реалната потрошувачка.

Граѓаните што сметаат дека нивната сметка за електрична енергија е неточна може во рок од 8 дена да поднесат приговор до универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“. Во приговорот треба да се наведе бројот на сметка, опис на проблемот и копија од фактурата и да се испрати на електронската адреса info@evn.mk, појаснуваат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Ако „ЕВН хоум“ не одговори во законскиот рок или граѓаните не се задоволни од одговорот, можат да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на erc@erc.org.mk или potrosuvaci@erc.org.mk, приложувајќи ги документите од постапката со универзалниот снабдувач. РКЕ ќе треба да изврши независна истрага и донесе обврзувачко решение.

 

Доколку РКЕ донесе одлука во полза на граѓанинот, „ЕВН хоум“ е законски обврзан да ја коригира сметката, најчесто со пресметковно намалување на следните фактури. Во случај на негативна одлука, од Министерството велат дека граѓаните имаат право да поведат управен спор.

Според законот, од Министерството појаснуваат дека „ЕВН хоум“ е должно на секои три месеци да ги отчитува броилата за да се осигури дека податоците се точни.

„Од ’ЕВН хоум’ информираат дека околу 85 отсто од броилата се отчитуваат секој месец. Меѓутоа има броила кои се поставени во имотот на корисниците и кои не можат да се отчитаат доколку корисникот не е присутен. 15 отсто од броилата, во кои влегуваат непристапни, во одделни рурални средини, се читаат два пати годишно. Во период од три месеци, процентот на отчитани броила бил над 95 отсто. За броилата што нема можност да се отчитаат во текот на месецот фактури се изготвуваат врз основа на прогнозирана потрошувачка, каде што основот е кривата на потрошувачка и потрошувачката во последните 12 месеци“,се вели во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Од Министертвото велат дека дополнителни информации за постапката како и за сите прашања поврзани со отчитувањата, блоковите и пресметката корисниците можат да најдат на веб страниците на „Електродистрибуција“, „ЕВН хоум“ и на РКЕ.

Во соопштението од Министерството се неведува дека од 820 илјади броила во Македонија, во „ЕВН хоум“, во периодот од декември минатата година до јануари годинава, пристигнале 15 000 приговори, но како што информираат оттаму, само 15 отсто од овие пријави се ревидирани според новопрочитана состојба. За останатите било утврдено дека немале основ, бидејќи вредноста на сметката била соодветна на реалната потрошувачка.

До второстепениот орган, РКЕ, пак до крајот на минатиот месец пристигнати биле 345 приговори.

Од Министерството велат дека редовното отчитување на броилата е исто така потребно и додаваат дека граѓаните може сами да ја пријават состојбата на струјомерот онлајн или преку апликацијата на „ЕВН хоум“. Истота може да се направи и на https://evnonline.mk/index/meterdata или https://evnonline.mk/payment/meterdata, info@evn.mk или elektrodistribucija@evn.mk, како и со јавување на телефонскиот број 02 32 05 000.

 

актуелно високи ЕВН рке сметки струја
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.