Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кабинет на Иванов: Прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука
Во Фокусот

Кабинет на Иванов: Прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука

април 25, 2019Updated:април 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, најостро реагира за политичката одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да поднесе прекршочни пријави против Претседателот на Република Македонија и целосно ги отфрла тврдењата дека со донесувањето на указите, кои се предмет на ваквата одлука, Претседателот на Република Македонија постапил спротивно на законите и ги пречекорил овластувањата.

Разочарува фактот што, и покрај тоа што до Државната комисија за спречување на корупцијата уредно беа доставени образложенијата и законските основи врз основа на кои Претседателот на Република Македонија ги донесе указите, истите не се земени предвид од страна на Комисијата, и наместо тоа, како образложение се даваат општи и непрецизни констатации без законска основа.

Претседателот на Република Македонија ги донесе указите во согласност со Уставот на Република Македонија и законите.

Во согласност со член 79 од Уставот на Република Македонија, Претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Македонија.

Во согласност со член 18 став 1 точка 11 од Законот за одбрана, Претседателот на Република Македонија поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали.

Како врховен командант, Претседателот на Република Македонија нема обврска да бара одобренија за надлежности кои му се пропишани со закон.

ДКСК во образложението се повикува на Законот за служба во Армијата на Република Македонија. Овој закон пропишува постапка за унапредувања до чин полковник, а не генерал, која е надлежност на Претседателот на Република Македонија во  согласност со Законот за одбрана.

Дополнително, Законот за одбрана е системски закон, а Законот за служба во АРМ е општ закон.  Во согласност со начелото на уставност, предвидено со член 51 од Уставот на Република Македонија, јасно е каква е нормативната хиерархија во носењето на одлуките. Доколку воопшто има судир на норми меѓу двата закони, тогаш меродавни се одредбите од Законот за одбрана, а не од Законот за служба во Армијата.

Единствена одредба во Законот за Служба во АРМ, каде се споменува унапредувањето на офицерите со формациски чин генерал, е Членот 61 став 1, каде се предвидува дека офицер може да се унапреди во непосредно повисок чин, во конкретниот случај од генерал-мајор во генерал-потполковник, ако офицерот кој треба да биде унапреден поминал најмалку две години во чинот што го има. Претседателот на Република Македонија го донесе указот бр. 57 бидејќи овој критериум за генерал-мајор Васко Ѓурчиновски беше исполнет.

Во однос на системот на плати и надоместоци на плати, укажуваме дека во согласност со член 170 (1) од Законот за служба во АРМ, ова е надлежност на министерот за одбрана или од него овластено лице, а не на Претседателот на Република Македонија.

Дополнително, би сакале да ја запознаеме јавноста дека ваквата одлука на ДКСК е контрадикторна на претходната практика која самата комисија ја воспоставила. ДКСК во 2016 година дала одговор по слична проблематика, кој е сосема спротивен на сегашните ставови. Во т.61 од Мислењето издадено во 2016 година од страна на Државната Комисија за спречување на корупцијата јасно е посочено дека во период на избори не постои законска пречка да се доставуваат предлози за именувања и/или отповикувања на амбасадори до Претседателот на Република Македонија“, стои во реакцијата од кабинетот на претседателот Иванов.

актуелно дкск иванов политичка одлука прекршочна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.