За неносење маска санкционирани 506 лица

– Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата казнети се вкупно 506 лица за неносење лична заштитна маска на лице, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.