За новогодишната ноќ санкционирани 65 возачи во Скопје

Во текот на новогодишната ноќ санкционирани се 65 возачи на територијата на Град Скопје.

Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека изречени се четири санкции за возење без возачка дозвола, 8 за користење мобилен телефон и 4 за нерегистрирани возила. Две санкции се изречени за возење под дејство на алкохол и 20 мерки за непрописно паркирани возила.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се наведува во соопштението од МВР.