За успешна борба против корупцијата, потребен е личен пример и конкретни резултати

Корупцијата ја урива правната држава, ги слабее институциите и ја загрозуваа демократијата како темелна вредност создавајќи недоверба меѓу граѓаните.

Пандемијата во неколку месеци ни ги покажа сите институционални недостатоци, за кои што делумно корупцијата е значен фактор и затоа треба да се работи на човечкиот капацитет и јакнење на ресуристе во борбата против корупцијата.

Освен преку личен пример и смело, одговорно и професионално однесување за враќање на јавната доверба во државата, системот, треба да покаже и опипливи резултати во борбата и да го зголеми бројот и досието со конечни пресуди за случаи на корупцијата на високо ниво, вклучително и со конфискација на имот стекнат на криминален начин.

Ова беше порачано на одбележувањето на 9 Декември–Меѓународниот ден за борба против корупцијата, настан во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, порача дека едноставен одговор на најтешкото прашање „како против корупцијата“ е со личен пример и за да ја добиеме оваа борба, треба секој човек да извојува лична борба сам со себе, што ќе му овозможи на поединецот да се потпре на себе, на своите лични можности и капацитети и да живее без очекувања, туѓи заслуги и без привилегии.

Разбудената свест кај поединецот, порача таа, може да ја разбуди свеста кај нацијата.

„Секое смело, одговорно и професионално однесување на граѓаните значи спротивставување на корупцијата. Никогаш не е доцна да се спротивставиме на незаконските дејствија на поединци и институции, но и на оние законски решенија, кои предизвикуваат разорувачки ефекти за општеството“, рече Ивановска.

За неполни две години од работата на актуелниот состав на ДКСК, посочи Ивановска, донесени со одлуки по вкупно 713 предмети, од кои 373 одлуки од областа на корупцијата, 156 од областа судир на интереси, 70 за непочитување законски одредби за време на изборен процес и 113 за проверка на имот на функцонери.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, во своето обраќање порача дека секој поединец, постапка или одлука што не е во рамки на законот, колку и да изгледа небитна во целиот систем, го почнува кругот што потоа се шири се повеќе и повеќе и зафаќа повеќе сегменти, лица и инстиутуции и создава волшебен круг од кој тешко се излегува.

„Затоа да бидеме сите свесни и совесни, транспарентни и отчетни. Секој во својот делокруг на делување. Само така ќе можеме да го залечиме и оздравиме заболеното ткиво“, порача Мисовски.

Тоа не е брз процес, но ги имаме сите предуслови за тоа, рече Мисовски, посочувајќи на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и генерално зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка.

Исто така, ја поздрави и стратегијата на ДКСК и акцискиот план, за кој оцени дека е одличен патоказ за сите инситуции до каде се и каде треба да се движат.

Предвремените избори, пандемијата и здравствените препораки, посочи Мисовски, го забавија работењето на Собранието, но изрази уверување дека тоа ќе продолжи со исполнување на нормите и стандарди за подобар живот, почитување на правата и слободите и овозможување на фер и еднакви конкурентски услови за сите.

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, порача дека Владата со ставање акецент на оваа тема отвора широк фронт во борбата против корупцијата и има силна политичка волја преку конкретни резултати за справување со оваа појава.

„Оваа битка ќе трае многу. Волјата да создадеме функционален систем во интерес на сите граѓани, систем кој постојано и без разно влијание на било какви лоби групи ќе генерира и испорачува правда, правна држава, ред и функционирање на поредокот“, изјави Николовски.

Во целиот процес, порача тој, важни се сите, од надлежните институции, медиумите, судството, експертската јавност, приватниот сектор, јавноста и сите граѓани.

„Ни треба систем кој чесните и заслужните ќе го наградува, а нема да ги казнува. Корупцијата и политичките злоупотреби се најголемите непријатели на сите граѓани, на институциите, но и на чесните политичар. Го оштетуваат буџетот, ја урива правната држава, ги слабеат институциите и ја загрозуваат демократијата како темелна вредност создавајќи недоверба меѓу граѓаните“, изјави Николвски.

Корупцијата секогаш треба да се гони, но порача Николвски, треба и да се превенира и затоа ќе работиме и на кампањи за превенција и едукација.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, пак, потенцираше дека корупцијата претставува една од најстрашните болести на општеството и секаде во светот директно го загрозува јавното добро и влијае на квалитетот на образованието, здравството, правдата и ги демотивира граѓаните да бидат активни чинители во општеството.

„Интегритетот или нашата конзистентност за тоа колку сме чесни е најсилно оружје против корупцијата, заедно со системот на борба против корупцијата. Проблемот многу пати е дисктуиран, но свесноста за постоењето на проблемот не е доволен за тој да биде решен. Покрај закони и спроведување на истите, потребно е промена и на однесувањето и навиките, пред се на оние кои носат одлуки и работат за граѓаните на сите нивоа“, изјави Маричиќ.

Како систем и како држава, нагласи тој, од нас се очекува да покажеме опипливи резултати во борбата и да го зголемиме бројот и досието со конечни пресуди за случаи на корупцијата на високо ниво, вклучително и со конфискација на имот стекнат на криминален начин.

Шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, укажа дека корупцијата е предизвик со кој се соочуваат сите држави во светот, што го поткопува владеењето на правото и ја продлабочува нееднаквоста на граѓаните.

„Затоа постоењето ефикасни домашни институции и механизми за борба против корупцијата се клучни во процесот на пристапување и се дел од т.н. фундаменти, односно прашања што се оцененуваат во секоја фаза од пристапниот процес и се клучни во преговорите“, изјави Гир.

Претставникот на платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, Миша Поповиќ, забалежа дека пандемијата во неколку месеци ни ги покажа сите институционални недостатоци, за кои што делумно корупцијата е значен фактор.

„Најзначајниот случај што ја отсликува корупцијата во државата е случајот со дивоградбата кај Мавровка, каде имаше неколку месечно бегање и префрлање на одговорност на низа институции, кои што всушност чекаа да се формира влада, за да веднаш се дознае кој е тој што има надлежност да ја урне дивоградбата. Таа состојба, во која институциите чекаат на политичката волја за борба против корупцијата е најпоразителниот факт и оценка до каде сме со борбата против корупцијата“, изјави Поповиќ.

Во рамки на настанот предвидена е и онлајн дискусија на која, како што е најавено, се очекува да се вклучат и претставници на законодавната, извршната и судската власт, од меѓународните организации, локалната самоуправа, невладиниот и приватниот сектор.