Зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 на Кипар

„Нагорен тренд, бележи Кипар во изминатите денови, во однос на новите случаи на Ковид-19, со оглед на тоа дека вчера беа регистрирани 827 новозаразени, односно 1,99 отсто позитивни од направените тестови, што е највисок процент во изминатиот период, јави дописничката на МИА од Атина.

Од почетокот на месецов, индексот на позитивни случаи од направени тестови е над еден (од 1,2 до 1,99 проценти), а претходно, на крајот на јуни беше меѓу 0,5 до 0,8 отсто.

Од почетокот на епидемијата, во Република Кипар, од Ковид-19 починаа 380 лица, регистрирани се 79.636 случаи, а според последните официјални податоци од Министерството за здравство, заклучно со вчера хоспитализирани се 89 пациенти, од кои 26 се во сериозна состојба.