Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Зголемен број на новозаболени од КОВИД-19, најава за рестриктивни мерки во одредени општини и меѓупартиски обвинувања
Во Фокусот

Зголемен број на новозаболени од КОВИД-19, најава за рестриктивни мерки во одредени општини и меѓупартиски обвинувања

мај 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во текот на вчерашниот ден епидемиолозите бележат повеќе од двојно зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 за разика од претходниот кога беа регистрирани 25 лица со коронавирусот. Лидерот на СДСМ Зоран Заев обвини дека ова е директна последица од неработењето на техничкиот министер Наќе Чулев, а тој пак порастот на заболени го оцени како директна последица на фактот дека власта неместо суштински политики терала дневен ПР од прашањето поврзано со корона вирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче порача дека повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба, а информираше и дека епидемиолозите се соочиле со проблем во добивање информации од семејството на починат за кој се утврдило дека е позитивен на КОВИД-19.

Вчера се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Од новите случаи на КОВИД-19 во Скопје се регистрирани 26, во Куманово-6, Штип-7, Тетово-9, Струга-2, Велес-1 и Кочани-1. Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.129, оздравени се 1.516, а починати 126. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487.

Филипче вчера порача дека е можно повторно ќе бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба.

Тоа било анализирано на состанок на Комисијата за заразни болести но  дека засега се уште нема потреба од таква мерка зашто се следат кластерите на вирусот.

Карантински мерки може да бидат воведени за општини каде има зголемен број на новозаразени. Тоа се Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром каде има поголема концентрација на нови заразени од периодот на строгите рестриктивни мерки.

Според Филипче, загрижува тоа што граѓаните не ги почитуваат препорачаните мерки за носење маски и дистанца, а има и прекршувања на решенијата за изолација и движење надвор од карантинот, има групни собирања, како и несоработка со епидемиолозите, давање лажни податоци и адреси за да не им се достават решенија за изолација.

Министерот информираше дека епидемиолозите имале проблеми во добивање информации од семејството на починат за кој бил земен постмртен брис и бил организиран погреб, а дури потоа се утврдило дека е позитивен на КОВИД-19.

– Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски, објави на својот фејсбук профил лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Со крајно неодговорната, евтина и популистичка изјава дека граѓаните не треба да се казнуваат кога не ги почитуваат мерките и задолженијата, посочува Заев, Чулев директно поттикна непочитување и прекршување на рестриктивните мерки и задолженија.

Како што обвини лидерот на СДСМ Заев на Фејсбук, така одговори и министерот Чулев на неговиот профил. Секоја одлука на Владата, вели Чулев, поврзана со мерките, особено кога изборите почнуваа да стануваат актуелни беше носена низ призма на политика, а не за да се заштити здравјето и животот на граѓаните и тоа е факт од кој нема бегање.

– Доколку имаат сомнеж дека полицијата не постапувала соодветно, тоа прашање треба да го упатат до Директорот на Бирото за јавна безбедност и од него да побараат одговорност. Јас во неколку наврати усно преку Координативното тело на МВР, но и писмено побарав навремено, неселективно, целосно и соодветно спроведување на одлуките на владата. Заштитата на здравјето, не е политика. Тоа е оперативно постапување на полицијата што е во целосна надлежност на Директорот за јавна безбедност, факт кој тој во неколку телеграми го потврди и потенцира, порача Чулев на својот Фејсбук профил.

Утре завршува вонредната состојба, Советот за безбедност денеска на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

актуелно број заболени зголемен Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.