Зеленски ги повика граѓаните да не паничат

LinkSense.mk

„Му се обраќам на секој Украинец кој сега е на нашата земја.

„Не сме во паника – правиме се што е потребно за да ги поддржиме воените сили на Украина – рече Зеленски во своето обраќање на Телеграма.

Тој, исто така, ги повика светските лидери да воведат санкции против рускиот лидер Владимир Путин. – Разговарав со Бајден, Џонсон, Дуда, ….

„Веќе ги повикав светските лидери да ги активираат сите можни санкции против Путин, да почнат да даваат голема одбранбена помош, да го затворат воздушниот простор над Украина – рече Зеленски.

Претседателот на Русија Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука за започнување на специјална воена операција во Донбас.

Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.