Земјотрес во Скопје со Рихтерова магнитуда од 2,6

LinkSense.mk

Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала утринава во 9:09 часот е регистриран во Скопје.

Земјотресот е со Рихтерова магнитуда од 2,6, а епицентарот е од скопското епицентрално подрачје.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а епицентарот е во Студеничани на 12 километри од Скопје.

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван од населението во Скопје и околината.