Земјотрес го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва кај грчкиот остров Крит, соопти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот, којшто се случи во 21.15 часот, бил на 16 километри југоисточно од главниот град на островот, Ираклион, на длабочина од два километра.

Жителите од Крит, како што се наведува на сајтот на сеизмолошкиот центар, опишале дека земјотресот бил интензивен и дека во текот на потресот се слушнала бучава.