Земјотрес од 3,3 степени по Рихтер во Гостиварско

Земјотрес со интензитет од 3,3 степени по Рихтер е регистриран попладнево во 12:57 часот во гостиварскиот регион.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информира дека епицентарот на земјотресот е на 60 километри југозападно од Скопје, односно во епицентралното подрачје ГостиварТетово.

Земјотресот е почуствуван во околината на Гостивар, Кичево и Марвово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.