Земјотрес од 4,7 по Рихтер регистриран кај Шибеник

Силен земјотрес со магнитуда од 4,7 по Рихтеровата скала утрово по погоди подрачјето на Шибеник, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Епицентарот бил на 13 км југоисточно од Шибеник. Потресот е регистриран во 5 часот и 59 минути и почувствуван на поширокото подрачје на Задарската и Шибенско-книнската жупанија.