Земјотрес со магнитуда од 2.8 степени според Рихтер и интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала утринава во 1 часот и 2 минути е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен.
Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при природн-оматематичкиот факултет во Скопје, земјотресот потекнува од охридското епицентрално подрачје.








