Зихофер: Пандемијата ги зголеми заканите во Германија

– Пандемијата на коронавирусот го зголеми потенцијалот за закани, екстремизам и тероризам во земјата, изјави германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зихофер.

Според него, пандемијата доведе до зголемување на екстремизмот и тероризмот.

Зихофер вели дека десничарските екстремисти добиваат повеќе приврзаници и прават повеќе кривични дела, но дека ситуацијата е слична и кај левичарските екстремисти.

Тој е дециден дека подготвеноста на луѓето на насилство е застрашувачка.

Зихофер изјави дека со ова не сака да ги плаши граѓаните, но додава дека реалната ситуација не смее да се намалува.

-Треба да бидеме многу, многу, многу внимателни, рече германскиот министер за внатрешни работи.