Здружението на новинарите на Македонија изразува загриженост за оставката на колегата Бранко Героски од позицијата главен и одговорен уредник во весникот „Слободен печат“.
Тој во своето отворено писмо вели: „…во еко на еен оол ерио, јас, сосвеницие и менаџерие на „Слооен еча“ различно леаме на рашањео на уреувачкаа олиика, на ореаа на кој начин еен слооарски весник реа а неува криички онос кон власие во
насока на засилени заложи за оро и ооворно влаеење“.
Потсетуваме дека Уставот на Република Северна Македонија ја гарантира
слободата на изразувањето, а цензурата е забранета. Исто така, Законот за медиуми во членот 8 му дава право на одговорниот уредник да ја води реализацијата на содржините што се објавуваат во еден медиум. Од друга страна сопствениците и менаџерите на медиумите не смеат да се мешаат во работата на уредниците и новинарите се додека тие работат во согласност со новинарскиот кодекс.
Бараме од косопственикот и управител на Слободен печат ДОО Скопје да ги образложи мотивите за недоразбирањата и дали оставката на колегата Героски доаѓа како резултат на притисоци кон него заради уредувачката политика.
Доколку сопствеништвото на „Слободен печат“ не го образложи овој случај, ќе се остави впечаток во јавноста дека уредниците и новинарите во „Слободен печат“ се цензурирани, а со тоа постои ризик да се поттикне понатамошна самоцензура кај останатите вработени во тој медиум.
Здружение на новинарите на Македонија







