Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ, преку видео порака на социјалните мрежи објави дека започнува кампања за донации чии средства ќе одат во болниците во Розано/ Милано, Бергамо, Кастеланца и Торино, кои се борат со пандемијата од коронавирус.
„Здраво, јас сум Златан Ибрахимовиќ. Италија секогаш ми даваше многу и во овој драматичен момент сакам да и вратам уште повеќе на оваа земја што ја сакам. Одлучив да ги здружам силите со уште неколку луѓе за да создадам сметка за донации за болниците „Хуманитас“ и да ја искористам моќта на мојата комуникација за ширење на пораката. Ова е сериозен проблем и ни треба специфична поддршка која не е само видео“, вели тој.
Тој вели дека очекува неговите колеги, професионални спортисти и на оние кои сакаат да направат донации, за да го задржат овој вирус подалеку – Заедно, можеме да им помогнеме на лекарите и медицинските сестри кои се жртвуваат себеси секој ден, работејќи да ги спасат нашите
животи.
„Денес навиваме за нив. Ајде да го исфрлиме коронавирусот
заедно и да победиме во оваа игра. Запомнете: ако вирусот не доаѓа кај
Златан, Златан ќеоди кај вирусот“, додаде Ибрахимовиќ.







