Ивана Туфекџиќ: Се ќе направите за да не одите во Шутка

Повикувајќи се на граѓаните кои протестираат, го попречувате нивното живеење и живеењето на сите граѓани, со цел да не завршите во Шутка, рече пратеничката Ивана Туфегџиќ.

Според неа, при толку реплики на Антонијо Милошоски и Илија Димовски, нивната партија мора да има проблем со нив, во спротивно одат против Деловникот. Ако говорникот се оддалечи од прашањето, претседателот, во овој случај, претседавачот го опоменува, а доколку по опомената повторно се оддалечи, му го одзема зборот.

Вие опструирате избор на претседател на Собраниеото, повикувајќи се на Деловникот, рече Туфегџиќ, обраќајќи им се на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.