Иванов: Мандатар ќе биде тој што ќе обезбеди мнозинство

Мандатот ќе го добие партијата или колицијата која ќе обезбеди мнозинство во Собранието, односно 61 пратеник, а новиот мандатар треба да гарантира две работи, да ги заштити државните интереси на Република Македонија и да направи реформа на кризата.

Ова е решението што го донесе претседателот Ѓорге Иванов во врска со настанатата ситуација по неуспешниот обид на ВМРО-ДПМНЕ да состави влада.

„Наместо да почне да се решава кризата, таа влезе во уште полоша фаза. Секој го толкува Уставот како му одговара, а Уставот ја одразува нашата реалност. Тој не може да се толкува по партиски желби. Според Член 90 претседателот е должен да го довери мандатот на партијата која има мнозинство во Собранието. Јас го искористив уставното право“, изјави вечерва претседателот Иванов, по консултациите со париите.

По шестчасовните разговори во вилата на Водно, Иванов рече дека ги слушнал ставовите на сите соговорници и направил консултации со поличките партии.

 

Ги слушнав ставовите на моите соговорници. Сакам да ве известам дека мандат ке добие колицијата која ќе докаже дека обезбедила мнозинство во Собранието. Од тие што ќе ја составуваат Владата барам две работи: Заштита на државните интереси на Република Македонија и второ, системска реформа на кризата, на системот на национална безбедност, Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија

 

Шефот на државата истакна дека за време на консултациите се разговарало за сите модуси ако ниту една партија или коалиција не обезбеди мнозинство во Собранието.

„Сите опциии се отворени“, порача Иванов.