Иванов ќе прими акредитации од четири нови амбасадори

Претседателот Ѓорге Иванов денес ќе ги прими акредитивните писма од новоименуваните амбасадори на Иран, Јапонија, Мароко и Буркина Фасо за Република Македонија.

Акредитивите на претседателот Иванов ќе му ги предадат новоименуваните вонредни и ополномоштени амбасадори Хоссеин Карими, Кијоши Коинума, Закиа Ел Маидауи и Амаду Дицко.