Избори во Португалија: Социјалистите пред победа

LinkSense.mk

Владејачката Социјалистичка партија на Португалија е на пат да освои најмногу гласови на денешните парламентарни избори, а постои можност да освои и апсолутно мнозинство, покажуваат три излезни анкети.

Според резултатите од анкетите, партијата на премиерот Антонио Коста освоила меѓу 37 и 42,5 отсто од гласовите.

Најголемата опозициска Социјалдемократска партија заостанува со 26,7-35 отсто од гласовите, потоа екстремно десничарската партија со 4,5-8,5 отсто од гласовите и Либералната иницијатива со слични резултати, покажуваат анкетите кои ги објавија трите главни телевизиски канали СИЦ, РТП и ТВИ, пренесува Ројтерс.

Анкетите, исто така, покажуваат и дека доколку социјалистите не успеат да обезбедат целосно мнозинство, тогаш комбинираната левица веројатно ќе го постигне тоа, наведува британската агенција.