Избори во Шпанија: Социјалистите добија најмногу гласови

Непотполните резултати од четвртите по ред парламентарни избори во Шпанија од 2015 година укажуваат на победа на социјалистите кои поединечно добија најмногу гласови, но се чини дека никој и понатака нема да има мнозинство за формирање влада.

Изборите се одржаа без проблеми но, судејќи според се, не ја разрешија политичката блокада која ја држи земјата, веќе шест месеци, со ВД влада.

Споиред засега сеуште непотврдени резултати, од прегледани 80 отсто од гласовите, победија социјалистите од ПСОЕ, но нивниот број на пратеници ќе биде 122 или 123, колку што добија и на претходните избори што се одржаа на 28 април годинава.

За формирање на влада ќе им биде потребна поддршка од партиите од таканаречениот лев блок, пред се од „Подемос“, но и под услов ако Педро Санчез и Пабло Иглесијас, лидерите на двете партии, се договорат за она за што не успеаја во април, сеуште нема да ги имаат потребните 176 мандати затоа што „Подемос“ доби околу 35 пратеници, седум помалку отколку што имаше. Ќе им биде неопходна помош од националните партии, пред се од оние од Каталонија.

Причини за некакво задоволство има и шпанската десница која не победи, но оствари извесен напредок од пред шест месеци.

„Народната партија“ од 66 пратеници колку што имаше во април сега има околу 85, а уште позадоволни се ултра десничарите од „Вокс“ затоа што од 24 мандати стигнаа на околу 53.

губитник на овие избори се „Граѓаните“ на Алберт Ривера затоа од 57 пратеници „паднаа“ на 10, но сепак и тие 10 можат да бидат одлучувачки.

Резултатите не се дефинитивни, но не се очекуваат поважни измени.

Повеќе пратеници, 13, ќе има и сепаратистичката каталонска „Републиканска левица“.

Според проценките, прв е „ПСОЕ“ кој доби повеќе од 3 милиони гласови или околу 29 отсто. „Народната партија“ е втора со 20,5 отсто, а „Вокс“ сега се трети со 14,6 отсто. „Подемос“ доби околу 12,7 отсто, а „Граѓаните“ 6,3 отсто. Уште неколку партии ќе имаат претставници во парламентот, но без некое големо влијание.

Во Каталонија најмногу гласови доби анти-глобалистичката и сепаратистичка партија „КУП“, пред „Народните партии“ и „Вокс“.

Излезеноста на овие парламентарни избори е помала од онаа во април кога гласаа 75,75 отсто.

До 18 часот денеска на избирачките места излегоа 56 отсто што упатува на заклучпкот дека конечниот процент ќе биде под 70 отсто.

Резултатите укажуваат дека најверојатно денешнитѕе избори нема да ја разрешат „пат – позицијата“ која после 28 април не дозволи формирање на влада.

Нема многу причини за верување дека коалициите и пактовите кои не вродија со плод во изминативе шест месеци ќе просперираат сега, но за некакви можни договори ќе биде полесно да се суди кога ќе се знае конечниот распоред на силите во парламентот.