Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Извештајот на ЕП за Македонија со широка поддршка за Преспанскиот договор
Македонија

Извештајот на ЕП за Македонија со широка поддршка за Преспанскиот договор

ноември 28, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Освен амандманите за екстрадицијата на експремиерот Никола Груевски, во последен момент поднесен беше и амандман за поддршка за финализирање на Преспанскиот договор од страна на известувачот Иво Вајгл.

Амандманот ги повикува сите политички партии да продолжат да соработуваат „во духот на споделената одговорност“ во следните чекори на процедурата за уставните измени. Во амандманот исто така се повикуваат Владата и Собранието да продолжат со реформите за приближување кон ЕУ и се охрабрува СЈО да продолжи со независни истраги за сите останати предмети.

Овој амандман, поднесен по првото гласање за уставните измени во Собранието, се очекува да добие широка поддршка од европарламентарците на гласањето утре.

Заменик министерот за надворешни работи, Жерновски, ги уверил своите соговорници денеска дека Владата е посветена на имплементацијата на Преспанскиот договор, кој ужива голема поддршка од Европарламентот.

„Преспанскиот договор ја има едногласната поддршка од страна на сите политички групи во Европскиот Парламент и европската иднина за нашата земја е повеќе од извесна, изјавил грчкиот европратеник од Сириза, Димитриос Пападимулис за време на средбата со Жерновски. Пападимулис додал дека Грција ќе биде најголемиот пријател и поддржувач на евроинтегративниот пат на Скопје.

Заменик министерот за надворешни го информирал својот соговорник „за големиот исчекор на пратениците во Собранието“ и изразил уверување дека имплементацијата на договорот е единствениот пат преку кој нашата држава ќе ги оствари своите стратешки цели, односно да стане членка на НАТО и ЕУ.

Слични пораки на Жерновски му биле пренесени и од европратеникот од Германија, Елмар Брок.

„Жерновски му се заблагодари на Елмар Брок за неговата поддршка за решавањето на спорот за името, вклучително преку средби со членови на македонската сестринска партија на ЕПП кои го поддржаа Договорот, велат за МИА од кабинетот на Брок.

Брок за МИА изјави дека го распрашувал Жерновски за процесот на финализирање на уставните измени потребни за конечно одобрување на Преспанскиот договор, на што добил одговор дека се очекува процесот да заврши до крајот на јануари.

Жерновски имаше средба и со унгарскиот европратеник Питер Нидермилер од социјадемократската група.

„Унгарскиот европратеник му пренесе на Жерновски дека прашањето за доделувањето на азил за Никола Груевски од страна на Унгарија е европско прашање кое ќе биде отворено во Европскиот парламент, каде постои начелно расположение меѓу политичките групи, велат од кабинетот на заменик министерот.

Слична порака за МИА вчера пренесе и европратеникот од социјалдемократите, Кнут Флекенштајн кој изјави дека во јануари најверојатно ќе се отвори темата за азилот на Груевски во Унгарија, и дека тоа може да биде во облик на резолуција на ЕП.

Европратениците ќе дебатираат за Македонија доцна вечерва, а гласањето е предвидено утре претпладне.

актуелно ЕУ НАТО преспа скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.