Израелскиот врховен обвинител Авихај Манделблит соопшти дека од премиерот на Израел не бара да поднесе оставка после подигнувањето на обвинението заради негова вмешаност во три корупциски случаи.
Нетанјаху, рече Манделблит, може да остане премиер во преодната влада.
Врховниот обвинител, меѓутоа, не се изјасни дали Нетанјаху може да ги задржи другите министерски функции во ваква ситуација.
Бенјамин Нетанјаху е премиер непрекинато повеќе од една деценија, а досега вкупно 13 години, повеќе од сите претходни претседатели на Влади на Израел.
Тој обнвиненијата ги означи како валкан обид за удар врз него, одби да поднесе оставка и најави дека ќе се бори против обвиненијата од кабинетот на премиерот.







