Израел: После 10 месеци нема смртен случај од корона

Првпат после 10 месеци во Израел не е забележан ниеден смртен случај од корона вирус. Вакцинацијата на населението, според информации добиени од надлежните служби, напредува.

Бројот на починатите од ковид-19 во четвртокот остана ист – 6.346, пренесува Би-Би-Си повикувајќи се на официјалните податоци од Министерството за здравство.

Бројот на новозаразени во Израел падна откако го достигна врвот во јануари оваа година, а Владата почна да ги олеснува ограничувањата еден месец подоцна, среде масовната вакцинација.

По стапката на вакцинирани оваа земја е на првото место во светот. Заклучно со четвртокот таму беа вакцинирани пет милиони луѓе.

Две дози од вакцината, од вкупно околу девет милиони жители, примиле повеќе од 53 отсто граѓани, соопштија од Министерството за здравство.

 

(Фото: АП)