Израел следната недела ќе почне кампања за масовно вакцинирање

– Израел следната недела ќе почне кампања за масовно вакцинирање на граѓани против Ковид-19, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху лично контактираше со директорот на компанијата „Фајзер“, јавија локалните медиуми.

Милиони Палестинци кои живеат под израелска контрола ќе мора да чекаат многу подолго за вакцинирање.

Израел има подвижни единици за вакцинација кои имаат фрижидери во кои вакцината може да се чува на минус 70 степени Целзиусови.

Вакцинацијата треба да започне следната недела, со капацитет од 60.000 дози на ден.

Израел постигна договор со „Фајзер“ за набавка на осум милиони дози вакцини, што е доволно за половина од девет милиони жители на оваа земја.