Изречени 192 санкции за брзо возење

LinkSense.mk

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 75 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи  заеднички да придонесат за побезбедни патишта.