Изречени 663 санкции за брзо возење

LinkSense.mk

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 663 возачи.

Од нив, 109 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 299 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 364 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.