Илон Маск купи голем удел во Твитер

LinkSense.mk

Милијардерот Илон Маск купи 9,2% од Твитер, компанија вредна речиси три милијарди долари, се вели во соопштението на Комисијата за хартии од вредност на Соединетите Американски Држави.

По оваа објава, вредноста на акциите на Твитер порасна за повеќе од 25%.

Маск стана еден од најголемите акционери на компанијата и сега поседува четири пати повеќе акции од основачот на Твитер, Џек Дорси. Уделот на Дорси е 2,25%.

Маск е еден од најпопуларните корисници на Твитер, со повеќе од 80 милиони следбеници. Тој често објавува детали за своите компании, заради што постојано е обвинуван дека манипулира со пазарот, а против него се покренати и неколку истраги.

Во последниве недели, објавуваше за Твитер и алгоритмите што ја движат платформата.

На 24 март, напиша дека е загрижен за, де факто, пристрасност во алгоритамот што има големо влијание врз јавниот дискурс“ и сподели анкета во која ги повикува своите следбеници да гласаат дали алгоритмот треба да биде со отворен код.

Еден ден подоцна, твитна дека „слободата на говор е клучна за функционална демократија“ и ги праша своите следбеници дали мислат дека „Твитер ригорозно се придржува до овој принцип“.

Откако 70,4% од испитаниците гласаа против, тој ги праша следбениците „што треба да се направи“.

Маск ги купи своите акции на Твитер на 14 март – иако тоа дури денеска беше објавено.