Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Природен феномен: Две реки со различни бои на водата се спојуваат во кинескиот град Чонгќинг

јули 29, 2026

Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година

јули 29, 2026

Нови научни сознанија за поврзаноста на канабисот со кортизолот и стресот

јули 29, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Природен феномен: Две реки со различни бои на водата се спојуваат во кинескиот град Чонгќинг
  • Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година
  • Нови научни сознанија за поврзаноста на канабисот со кортизолот и стресот
  • Илјадници евакуирани Шпанци се враќаат во домовите по големите шумски пожари
  • Д-р Цана: Седумина со западнонилска треска на Инфективната клиника, еден и натаму е во сериозна здравствена состојба
  • Земјотрес почувствуван во Струга и околината
  • Јапонија ја погоди силен земјотрес, има повредени
  • Европа ја очекува нов силен топлотен бран: Температурите ќе достигнат и до 45 степени
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Илјадници евакуирани Шпанци се враќаат во домовите по големите шумски пожари
СВЕТ

Илјадници евакуирани Шпанци се враќаат во домовите по големите шумски пожари

јули 29, 2026Updated:јули 29, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Илјадници лица се вратија во своите домови по повеќедневната евакуација поради големите шумски пожари во централна Шпанија, додека пожарникарите продолжуваат со борбата против огнот пред новиот топлотен бран што би можел дополнително да го отежне гасењето.

Претставникот на шпанската влада за покраината Мадрид, Франциско Мартин Агире, соопшти дека 24 илјади евакуирани жители се вратиле во своите домови, додека за дополнителни дваесет илјади е укината мерката за останување во затворен простор.

Регионалните власти синоќа ги укинаа ограничувањата за 13 населени места западно од Мадрид, откако подобрите временски услови и целоноќниот ангажман на пожарникарите на терен придонеле за намалување на интензитетот на пламенот.

На жителите кои се враќаат во своите домови им се достапни психолози за помош.

Противпожарните служби соопштија дека во текот на ноќта немало повторно активирање пламени, како и дека продолжуваат со зацврстување на противпожарниот периметар и гасење на преостанатите жаришта.

Владата во Мадрид, сепак, предупреди дека е потребна претпазливост поради размерите на пожарите чиј периметар се протега на околу 250 километри, како и поради очекувањата на нов топлотен бран. За денеска се прогнозирани температури до 37 степени Целзиусови и засилување на ветерот, што може повторно да ја отежне работата на пожарникарите.

Министерот за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, изјави плановите за денеска се пожарот да биде ставен под контрола, речиси една недела по неговото избувнување.

Големите пожари во околината на Мадрид и соседната покраина Авила досега зафатија површина од околу 77 илјади хектари, што претставува една од најголемите огнени стихији во поновата историја на Шпанија.

Во меѓувреме, на југоистокот на земјата пожарникарите петти ден се обидуваат да го стават под контрола големиот шумски пожар во провинцијата Кастелон, во покраината Валенсија. Пожарот во областа на местото Вал д’Уиксо проголтал околу десет илјади хекрати земјиште, а неговиот периметар достигнал 75,5 километри.

Поради пожарот и натаму се евакуирани десеттина илјади жители, иако властите вчера делумно ги укинаа ограничувањата за населените места Ла Вилавела, Беткси и Онда.

Во денешните активности за локализрање на пожарите е предвидено вклучување и и на воздухопловните противпожарни единици, откако претходните два дена поради неповолни метеоролошки услови и температурна инверзија авионски можело да се дејствува само во попладневните часови. Властите очекуваат нови информации, по состанокот на Оперативниот координативен центар каде се вршат проценки за натамошниот развој на ситуацијата со еден од најголемите пожари во последните години во покраината Валенсија.

актуелно евакуирани пожар шпанци шумски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година

јули 29, 2026

Нови научни сознанија за поврзаноста на канабисот со кортизолот и стресот

јули 29, 2026

Д-р Цана: Седумина со западнонилска треска на Инфективната клиника, еден и натаму е во сериозна здравствена состојба

јули 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.