Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Индекс за глобална здравствена безбедност: Северна Македонија „доволно подготвена“ за борба со епидемии
Во Фокусот

Индекс за глобална здравствена безбедност: Северна Македонија „доволно подготвена“ за борба со епидемии

февруари 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Индексот за глобална здравствена безбедност за 2019 година што претседателот Доналд Трамп вчера го покажа на прес конференција за мерки за борба со коронавирусот, посочувајќи дека САД се први во светот за справување со кризи од биолошки вид, Северна Македонија се наоѓа во групата “доволно подготвени“ земји.

Индексот, што се објавува еднаш годишно од универзитетот Џон Хопкинс во Вашинтон, опфаќа 195 земји по светски региони, и ја покажува колективната меѓународна подготвеност за борба со епидемии и пандемии од инфективни заболувања како вируси.

Иако претседателот Трамп покажа дека САД се најподготвени да одговарат на ширење на епидемии и се рангираат први со 83.5 поени од можни 100, истражувачите од Џон Хопкинс укажуваат дека средниот резултат на глобално ниво е 40.2 поени, а кај земјите со висок животен стандарт е 51.9 поени.

Колективно, меѓународната спремност за епидемии и пандемии е слаба, се посочува во индексот.

„Националната здравствена безбедност е фундаментално слаба на светско ниво и ниту една земја не е целосно спремна за епидемии или пандемии, додека секоја земја има празнини кои треба се адресираат. Земјите не се подготвени за глобална катастрофа од биолошки карактер“, се наведува во извештајот.

Индексот ја покажува здравствената безбедност и потенцијал за справување со епидемии во шест категории: превенција, детектирање, одговор, здравство, регулации и ризици.

Поставени се 34 индикатори и 85 суб-индикатори.

Земјите се поделени во три групи: „најподготвени“, „доволно подготвени“ и „најмалку подготвени“.

После САД, на второ место во групата „најподготвени“ земји се Велика
Британија со 77.9 отсто, на трето е Холандија со 75.6 поени.

По нив следуваат Австралија, Канада, Тајланд, Шведска и Данска кои имаат од 70 до 75.5 поени и се во првите десет нај подготвени земји за
справување со кризи од биолошки вид како епидемии и пандемии.

На Балканот, Северна Македониија се наоѓа на 90. место во групата „доволно подготвени“ земји кои можат да се справат со инфекциски заболувања и епидемија и доделени 39.1 поен, во близина се Босна, на
79. место со 42.8 поени и Црна Гора, на 68. место со 43.7 поени.

Според Индексот за глобална здравствена безбедност, Грција е најподготвена во регионот да се справи со епидемии и се наоѓа на 37. место со 53.8 поени, Хрватска е на 38 место со 53.3 поени.

По нив доаѓаат Албанија, Турција и Србија на 39, 40 и 41. место со 52.9, 52.4 и 52.3 поени по редослед, сите во групата „доволно подготвени“ земји за справување со инфекциски заболувања и епидемија.

актуелно епидемии северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.