Инџевска: ФООМ не урива влади, „СОС“ ја манипулира јавноста

„Фондацијата Отворено општество – Македонија никогаш не работела на остварување политички цели од интерес на било која политичка партија, ниту пак е посветена на креирање кризи и протести за уривање влади во Македонија. Напротив, од основањето во 1992 година до денес, цели 25 години фондацијата е посветена на напредокот на Македонија и нејзините граѓани, рече Славица Инџевска од ФООМ.

Инџевска информираше дека за поддршка на институциите на државата и граѓанското општество, до декември 2016 година Фондацијата наменила 145 милиони долари. Од нив 110 милиони биле од основачот Џорџ Сорос преку Фондациите Отворено општество, а 35 милиони долари биле обезбедени преку мултлатерални, билатерални и приватни донатори. Близу 800.000 долари, според неа, секоја година, по основ на даноци и придонеси грантисти на организацијата уредно ги плаќаат во државната каса.

Чилиманов, Србов и Мирчевски презентираат божемни наоди во кои манипулираат со нецелноси и бесправно добиени податоци. Потоа, охрабрени од нарачателите за кои одработуваат, податоците ги презентираат во јавноста како факти и ја оцрнуваат работата на оние со чие мислење токму тие не се согласуваат“, Славица Инџевска, ФООМ.

Според Инџевска, Фондацијата е посветена на вредностите на отвореното општество и стратешки определена кон унапредувањето на демократијата, отчетноста на властите и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните во Македонија.

Таа побара Цветин Чилиманов, Никола Србов и Ненад Мирчевски да се извинат и да ги демантираат божемните докази, според Инџевска е нападнат угледот на ФООМ и истовремено е дезинформирана јавноста.