„Вчерашната одлука на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, за повлекување на руските сили на левиот брег на Днепар е маневар чија цел е да се сочуваат што повеќе животи“, изјави иранскиот политички аналитичар Рухолах Модабер.
Според неговите зборови, руската армија отсекогаш постапувала хумано, ставајќи го како приоритет спречувањето на големи загуби меѓу цивилите, спасувајќи што е можно повеќе животи, патем штитејќи ја и војската.
„Токму поради тоа беа донесени тешки одлуки, вклучително и повлекувања и прераспоредување на борбените позиции.
Денешната одлука на генералот Шојгу за Херсон е, пред сè, превентивен маневар чија цел е да се спасат што повеќе животи. Ова не е капитулација пред вооружените сили на Украина и НАТО“, објаснува иранскиот аналитичар.
Модабер вели дека вооружените сили на Украина, покрај конвенционалното оружје, имале намера да користат и биолошко и хемиско оружје, но и „валкана бомба“.
„Русија можеше и може да удри со сите сили, но му даде предност на воздржан пристап и тактика што се разликува од тактиката на Украина: сведување на човечките жртви на минимум.
Токму ова е причината за наредбата на министерот Шојгу во врска со ‘херсонската траса’“, истакнува аналитичарот.
Воената тактика што се применува во Керсон е, вели, „своевидна победа на руската војска, која на тој начин спасува илјадници цивилни и воени животи пред контраофанзивата што ја подготвуваат Украинците“.
(Фото: АП)







