Иранците направија своја вакцина

Иран одобри итна употреба на својата прва домашна вакцина против корона вирусот, соопшти денеска Иранската национална телевизија.

Итната употреба одобрена е откако Иран се соочи со проблем за увоз на доволен број на вакцини, информира новинската агенција АП.

Иранската фармацевтска компанија „Шифафармед“ направи вакцина врз база на деактивиран вирус, а првата студија за безбедност и ефикасност била започната кон крајот на декември.

Иранското користење на домашна вакцина стана нужно заради санкциите кои кон таа земја ги воведе Америка, пишува во својот извештај АП.

Како што се наведува во текстот, иако Иран го задржува своето учество во Ковакс системот, меѓународните банки и финансиските институции се воздржуваат од какви било бизниси со оваа држава од страв од американски казни.