Иран: Пронајдени нови 50 милијарди барели нафта

Претседателот на Иран изјави денеска дека на југот на земјата било откриено ново нафтено поле со, како што е проценето, 50 милијарди барели сирова нафта.

Моментно Иран има околу 150 милијарди барели докажани резерви сирова нафта, пренесува АП.

Откриеното нафтено поле се наоѓа во иранската провинција Хузестан.

Агенцијата потсетува дека иранската енергетска индустрија тешко ја погодиле американските санкции за нуклеарната спогодба со светските сили.

(Фото: АП)