Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ираце Гарсија: Преспанскиот договор мора да се „спаси“
Македонија

Ираце Гарсија: Преспанскиот договор мора да се „спаси“

октомври 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„По француското вето за старт на пристапните преговори со Северна Македонија, премиерот Зоран Заев свика предвремени парламентарни избори, што „би можело
дополнително да го усложни прашањето“ околу Договорот за името меѓу Скопје и Атина и да се одрази врз неговата имплементација, оценува бриселскиот информативен портал „Еурактив“.

Порталот наведува дека по изјавата на Заев во интервју за „Еуроњуз“ на грчки јазик дека би можело делумно да биде замрзнато спроведувањето на некои одредби од Договорот од Преспа, се огласи лидерката на Пратеничката група на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) во Европскиот парламент, Ираце Гарсија, која ги повика политичарите „да ја спасат“ спогодбата.

„Преспанскиот договор меѓу Грција и Северна Македонија мора да биде зачуван, изјави Гарсија.

Таа оценува дека ветото на францускиот претседател Емануел Макрон за старт на преговорите со земјава и Албанија претставува „неприфатлива“ одлука и побара од лидерите на ЕУ да ја променат што побрзо.

„Мојата (пратеничка) група ќе повика ова прашање да се најде на дневниот ред на Европскиот совет уште пред пролетта, со надеж дека останатите европски лидери ќе успеат да го убедат Макрон да покаже вистинска европска визија и за Балканот, истакна Гарсија.

Таа смета дека со неуспехот да ги исполни своите ветувања за процесот на проширување, ЕУ го загубила својот кредибилитет и покажала дека има недоволно чувство за историската одговорност кон Балканот.

„Пристапните преговори секогаш претставуваа магнет за поголема демократија и социјален напредок, но беа и светло на надеж за граѓаните, изјави шпанската европратеничка.

„Еурактив“ го пренесува и ставот на поранешниот шеф на грчката дипломатија и потписник на Преспанскиот договор, Никос Коѕијас, кој смета дека ветото на Макрон е повеќе наменето за „француската домашна политика“ во обид да го запре растот на популарноста на лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен.

„Во пресрет на регионалните избори, Макрон ја користи меѓународната политика за внатрешни работи и за неговите изборни потреби. Тоа претставува најлош начин за справување со прашањата од надворешната политика, смета Коѕијас.

Според него, Макрон е под притисок на екстремната десница во услови кога илјадници Албанци аплицираат за азил во Франција.

„Решение, меѓутоа, не е да се прифатат идеите на Ле Пен, туку да се поддржи политиката за надминување на причините за миграција од Албанија, а тоа е отпочнување преговори со земјата, заклучува Коѕијас.

 

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно ираце гарсија преспански договор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.