Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Исполнети сите услови, на ред е ЕУ
Политика

Исполнети сите услови, на ред е ЕУ

септември 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Во Брисел не постои сомнеж во однос на политичката обврска на Северна Македонија кон владеењето на правото и борбата против корупцијата“, порача вчера во Скопје
претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и рече дека во последните две години сме направиле сè што се очекувало од нас за да може да се почнат преговорите за пристап во ЕУ.

Премиерот Зоран Заев, пак, увери дека обврските за спроведување на понатамошните резултати продолжуваат, особено во областа на владеењето на правото, како и дека
случајот „Рекет“ е силен тест за судството и за успех на реформите.

„Напорите на земјата беа извонредни во последните години. Заедно издржавме една од најтешките миграциски кризи. Северна Македонија го помина овој тест подобро од многу членки на ЕУ. Најдовте решение на драматичните политички кризи во вашата земја. Преку вашите договори со Бугарија и со Грција вие станавте шампиони на политичката зрелост во регионот. Тоа е импресивно и меѓународно признато постигнување, што не треба да биде занемарено од лидерите на ЕУ“, рече Туск.

Порача да продолжат реформите, дека ќе биде потребно многу трпение, но оти нема сомнеж дека земјата има квалитети да го направи тоа.

Премиерот Зоран Заев по средбата со Туск рече дека наша заедничка желба е во периодот до следната седница на Европскиот совет, заедничкото пријателство да се круниса со заеднички успех во октомври бидејќи, според него, тоа е заеднички интерес и на Северна Македонија и на ЕУ.

Заев е убеден дека земјата е подготвена да ги совлада предизвиците што доаѓаат со отворањето на преговорите.

Тој очекува на состанокот на Советот на ЕУ на 15 октомври со кој ќе претседава Туск да биде донесена одлука за почеток на преговорите без одложување.

„Со започнувањето на преговорите влегуваме во трасформациско патување кон членство во ЕУ. Тоа е незаменлива алатка, која генерира успешни приказни во земјите кандидати“, кажа Заев на заедничката пресконференција со Доналд Туск.

Премиерот нагласи дека обврските за спроведување на понатамошните резултати продолжуваат, особено во областа на владеењето на правото, во согласност со европските вредности и стандарди.

„Во тие рамки ја гледаме и дебатата и за законот за јавно обвинителство. Случајот „Рекет“ е силен тест за судството и за успех на реформите. Институционалното разрешување на овој и на сите случаи ќе ги докаже независноста на правосудниот систем и јаката политичка волја против корупцијата. Тоа е европскиот начин и начин на правната држава и владеење на правото“, потенцира Заев.

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, пак, на средбата со Туск изразил очекување дека Европскиот совет во октомври ќе ги валоризира напорите на државата и ќе ја верификува десеттата препорака на Европската комисија преку одредување датум за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Почетокот на пристапните преговори, според претседателот Пендаровски, ќе биде силен импулс за натамошно реализирање на суштинските реформи во државата до нејзиното идно членство во Унијата, што ќе придонесе за севкупната стабилност и просперитет на државата и на регионот.

За старт на преговорите со ЕУ вчера преку Партијата на европските социјалисти поддршка дадоа и социјалистите во Европскиот парламент.

Претседателот на ПЕС и поранешен премиер на Бугарија, Сергеј Станишев, на средбата со вицепремиерката Радмила Шекеринска порача дека нашите граѓани заслужуваат подобар живот и дека го охрабрува премиерот Заев да продолжи со позитивните внатрешни реформи, за социјално подобрување, за повисоки плати, за владеење на правото, за ред и закон и никој да не биде над законот.

Земјава, според него, е многу добар пример и за другите во регионот за тоа како треба да се решаваат проблемите.

актуелно ЕУ услови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите

ноември 11, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.