Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Источното крило на НАТО очекува унапредување на врските со Украина до самитот во Вилнус
СВЕТ

Источното крило на НАТО очекува унапредување на врските со Украина до самитот во Вилнус

јуни 7, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Земјите од источното крило на НАТО очекуваат самитот на Алијансата во Вилнус во јули да ја стави Украина на појасен пат кон членство откако ќе заврши војната со Русија, беше објавено синоќа на самитот на источните членки во Братислава, пренесе Хина.

Сојузниците на НАТО се расправаат за брзината на евентуалниот пристап на Украина во НАТО, а самиот Киев признава дека тоа не може да се случи додека не заврши војната со Русија.

Претседателот Володимир Зеленски минатата недела во Молдавија се состана со европските лидери, при што го повика НАТО да вети безбедносни гаранции доколку членството сè уште не е можно.

Претседателите на источните земји на Алијансата, од кои повеќето граничат со Украина или Русија, вчера се сретнаа со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како знак на натамошна поддршка за Украина во нејзиниот пристап кон НАТО.

„Ги зајакнуваме односите со Украина во смисла на конкретна практична помош, но и во доближување на односите со неа, изјави на прес-конференција словачката претседателка Зузана Чапутова, домаќин на самитот.

„Ние не го сметаме ова за проширување или навлегување на НАТО кон Русија“, додаде таа, велејќи дека ќе инсистира на давање гаранции на членките на НАТО дека Русија нема да ги апсорбира земјите на нејзините граници.

Земјите од источното крило на НАТО, Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Словачка – познати и како Букурешт Девет – се најжестоките поддржувачи на Украина.

Некои членки на НАТО, сепак, стравуваат дека ненадејниот чекор може да ја доближи Алијансата до директна конфронтација со Русија, а унгарскиот претседател Каталин Новак предупреди да не се даваат „нереални ветувања“.

„Очекуваме дека во Вилнус ќе ги кренеме нашите односи со Украина на ново ниво и ќе почнеме нов политички пат што ќе доведе до членство на Украина во НАТО, откако тоа ќе го дозволат условите“, соопшти Букурештката деветка.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа, кој ќе биде домаќин на самитот во Вилнус, исто така кажа дека додека девет земји едногласно го поддржуваат членството на Украина во НАТО, добивањето поддршка од другите сојузници на НАТО е „проблематично“.

„Сè уште не гледаме до каде ќе оди ова, рече тој.

„Во текот на следните недели мора да најдеме начин да направиме голем чекор напред и да не ги разочараме очекувањата на Украина и нејзините поддржувачи“, додаде тој.

„Нема да биде доволно уште еднаш да се повтори дека вратите на НАТО се отворени, додаде тој.

 

 

 

 

Извор: МИА

актуелно источно крило НАТО Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.