ИСТОЧНОТО КРИЛО НА НАТО ПОСТОЈАНО НА ГОТОВС: Руски авиони ги реметат Германците над Балтикот

LinkSense.mk

Германски воени авиони, стационирани во источното крило на НАТО, од август минатата година 27 пати заземале борбени позиции после предупредувањата за непознат авион во подрачјето на Балтикот, соопшти денеска германското воено воздухопловство, Луфтвафе.

„За време на распоредувањето на авионите, германските сили над Балтичкото море идентификувале руски воен авион“, изјави портпаролот на военото воздухопловство.

За германските авиони „Еурофајтер“ била издадена тревога кога непознато летало се приближило до балтичкиот воздушен простор без сигнал од транспондер или радио контакт.

Во Естонија од август минатата година се стационирани повеќе од 150 германски војници со цел да го заштитат воздушниот простор на источното крило на НАТО.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер утре треба да ја посети воздухопловната база „Амари“.

Трите балтички држави и членки на НАТО, Естонија, Литванија и Летонија, немаат свои сопствени воздушни сили, и НАТО ги користи литванските воздушни бази во Амари и Сиаулијаи, за да го надгледува тој воздушен простор.

НАТО сојузниците ротираат во распоредувањето на авиони и персонал во овие бази. Германија учествува во оваа мисија од 2005 година.