Истражување: Луѓето што имаат градина или бавча, се поздрави

Тим истражувачи од британскиот Универзитет Ексетер и Кралското хортикултурно друштво, открија дека престојот и работењето во градина го подобрува здравјето и благосостојбата на човекот.

– Врската меѓу вегетацијата и здравствените придобивки е солидно документирана, смета д-р Сијан де Бел од Факултетот за медицина при Универзитетот и главен автор на трудот.

Истражувањата објавени во списанието „Лендскејп енд урбан планинг“ (Landscape and Urban Planning) ја покажуваат вредноста што ја имаат зелените површини.

Според научниците, оние луѓе кои имаат своја градина, водат поздрав живот од оние кои немаат такво нешто.