Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Истражување: Младите како кандидати за пратеници се ретко на добитни позиции
Политика

Истражување: Младите како кандидати за пратеници се ретко на добитни позиции

јули 10, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Просечната возраст на кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори е 42,54 години.

Партијата со најмлади кандидати има просечна возраст од 32,3 години, додека највисоката просечна возраст кај една партија е 53,2 години.

Најмладите кандидати на овие избори имаат 18 години, додека највозрасниот кандидат 87 години.

Ова се дел од наодите на истражување на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) за позицијата на младите на парламентарните избори 2020, ија цел е, како што се посочува, да обезбеди информации и поттикне дискусија за тоа како младите, како една од маргинализираните групи во општеството, се претставени на листите и програмите на политичките партии.

Според истражувањето, дури и кога младите се претставени на листите, првите позиции со најголема веројатност за пратеничко место, се помалку достапни за нив.

Според кандидатските листи, кандидатите на првите пет позиции се 2,6 години постари од остатокот од кандидатите.

Изборната единица со најмлади кандидати во просек е И.Е. 6 со 40,6 години, додека највисока просечна возраст има во И.Е. 1 со 44,7 години.

Гледајќи ја, пак, застапеноста на младите кај политичките партии со
кандидатски листи во сите шест изборни единици, политичката партија со најмногу млади има 38 млади лица од 120 кандидати, додека само три партии одвоиле над 30 позиции за млади кандидати од своите 120.

Процентот на застапеност на млади лица на возраст од 18–29 години на листите се движи од 35% кај партијата со најмногу млади кандидати, до 1,7% кај партијата што има најмал број, посочуваат резултатите.

„Иако младите луѓе сочинуваат голем дел од населението и се клучна алка за одржливоста на општеството, сепак, се наведува,тие се најчесто диспропорционално вклучени во политичките тела кои ги претставуваат
интересите на граѓаните. Отсуството на можности за квалитетен живот резултира со иселување, незадоволство и апатија. Поради ова вклученоста на младите во политичките процеси е предуслов за подобрување на можностите за младите во земјата, а нивната претставеност во институциите кои ги претставуваат граѓаните важна за нивната репрезентативност, се заклучува во истражувањето“, се подвлекува во анализата на ВФД.

Според Фондацијата за демократија Вестминстер, учеството на младите е комплексно прашање со различни аспекти, но малку се зборува за застапеноста на младите во институциите кои носат одлуки и во програмите на политичките партии од кои често се раѓаат јавните политики.

Со овие податоци, нагласуваат од оваа Фондацијата се обидуваат да ги стават младинските прашања во фокусот преку парламентарните избори 2020.

Податоците кои се анализирани се обезбедени преку веб страницата: https://candidatelist.sec.mk/.

Од Фондацијата за демократија на Вестминстер, најавуваат дека во идниот период покрај анализата на податоци на кандидатските листи ќе изработи и анализа на програмите на политичките партии за изборите, која ќе биде објавена наесен.

ВФД ќе продолжи да работи со Собранието на Република Северна Македонија и Клубот на пратеници за младински прашања и политики, како и институциите надлежни за младински прашања, училишта, граѓански организации и млади луѓе за поддршка на младинското учество во земјата.

актуелно истражување млади пратеници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.