Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Италија: „Судбоносен“ референдум за уставни промени
Европа

Италија: „Судбоносен“ референдум за уставни промени

декември 4, 20160
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Италија се одржува референдум за уставни промени чија цел е јакнење на централната власт и радикална промена во Парламентот преку ограничување на моќта на Сенатот.

Откако Британците гласаа за излегување од Европската Унија и Американците го избраа Доналд Трамп за претседател, референдумот во Италија, на кој право на глас имаат 51 милион граѓани, се доживува како судбоносен, оценува Ројтерс.

Неговата цел е намалување на ивластувањата и големината на Сенатот, а според проценките на аналитичарите, на претседателот на владата би му биле дадени многу поголеми овластувања од досегашниве, наведува британската агенција.

Од друга страна, американската агенција АП, наведува дека референдумот се претвори во „виртуелен плебисцит“ за владата лево од центарот на премиерот Матео Ренци.

Ако се смени уставот, најголеми промени би доживеал законодавниот процес, односно повеќе не би било потребно двата дома на парламентот да гласаат за сите закони, што значи и секој пат кога ќе се вложи некој амандман.

Наместо тоа, 630 членови од Домот на пратениците би ги донесувале повеќето закони, а бројот на членови на Сенатот би се намалил од 315 на 100, од кои пет би именувал претседателот на Италија, а останатите 95 би биле од редовите на италијанските градоначалници и регионални претставници.

Гласањето за доверба на владата, исто така, би било само во надлежност на долниот дом на парламентот.

Другата голема промена би била префрлањето на одделни надлежности од регионите на централната влада.

Италијанскиот премиер Матео Ренци ги повика Италијаните да го поддржат референдумот, порачувајќи дека Италија може да стане најсилна европска држава ако резултатот од гласањето биде позитивен.

Додека тој и неговите сојузници лево од центарот, заедно со банките и индустријалците, тврдта дека реформите помогнаа во модернизација на земјата, противниците на тие промени, меѓу кои и Движењето 5 ѕвезди, сметаат дека тие ќе ја загрозат демократијата затоа што преголема моќ ќе се концентрира во канцеларијата на премиерот.

Со предложените реформи на уставот се противат, меѓу останатите, и поранешниот премиер Силвио Берлускони и лидерот на Северната лига, Матео Силвани, кои се залагаат за давање на поголеми, а не помали овластувања на регионите.

Повеќето анкети укажуваат дека има повеќе Италијанци кои би можеле да заокружат „НЕ“ и да ги отфрлат реформите на уставот, иако голем број од анкетираните биле неодчучни.

Со оглед на промените на изборниот закон кои стапија на сила во јули годинава, реформите во уставот би ја олесниле работата на владата, наведува Ројтерс.

Партијата, која во иднина ќе освои 40 отсто од гласовите, во парламентот би имала апсолутно мнозинство.

Зајакната на таков начин, таа би можела итно да ги спроведува потребните реформи.

Токму тоа од секогаш било слабост на италијанската политика.

Италија во последните 70 години имала 63 влади.

Премиерот Ренци мајави дека ќе поднесе оставка ако Италијанците на референдумов ги одбијат реформите, но подоцна го ревидираше неговиот став.

На прашањето, меѓутоа, кој би можел да го замени Ренци ако навистина поднесе оставка, американската агенција одговара: Ренци.

„Со оглед на тоа дека ги предводи демократите, најголемата парламентарна партија, италијанскиот претседател Серџо Матарела би можел да побара од него да се обиде да формира нова влада, таканаречена „технократска“ влада-составена од економисти и други поединци надвор од светот на полтиката, што би било уште помалку прифатливо за бројните Италијанци“, оценува АП.

Последниот претседател на технократска влада бил поранешниот европски комесар Марио Монти, кој воведе строги мерки на штедење за заздравување на италијанската економија, потсетува агенцијата.

„НЕ“ на референдумот најверојатно за многу Италијанци е можност да дадат оддишка на своето незадоволство.
АП потсетува дека парламентарните избори во Италија се закажани за на пролет во 2018 година.

„После изнанадувачката победа на комичарот и активист на „Бепа Грил“ од Движењето 5 ѕвезди во Рим и во други градови за местото градоначалник, одржани годинава, Движењето 5 ѕвезди е нестрпливо да ја превземе националната власт. Така што приоритетот на парламентот после референдумот веројатно би бил доработка на изборниот закон за да се минимализира потенцијалниот раст на Движењето 5 ѕвезди“, заклучува АП.

актуелно италија Марио Монти Матео Ренци референдум Силвио Берлускони технократска влада уставни промени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.