И претседателот Стево Пендаровски го осуди нападот на секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети”
-Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков.
Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите – напиша претседателот на својот фејсбук профил.