Кавадарчанец пронашол неексплодирана граната крај реката Луда Мара

Кавадарчанец пронашол неексплодирана граната покрај кејот на реката Луда Мара, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Триесет и осумгодишниот кавадарчанец пронаоѓањето на неексплодираната граната од Прва светска војна, го пријавил во текот на вчерашниот ден.

Како што појасни Додевски, пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување – Кавадарци, утврдил дека се работи за неексплодирана артилериска граната (калибар 75 милиметри) од Првата светска војна и таа била подигната за понатамошна постапка.