Казнети 683 граѓани за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за носење лична заштита на лице, полицијата регистрирала 683 прекршоци.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.