Казни за 136 возачи во Скопје, 46 за брзо возење

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 136 сообраќајни мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46, шест за возење без возачка дозвола и три за нерегистрирани возила.

Од МВР денеска информираа дека се изречени 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за некористење сигурносен појас и 41 санкција за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли, најавуваат од полицијата, ќе продолжат и во наредните денови.

 

(Фото: МИА)