Казни за 471 возач за пребрзо возење

„Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот во рамки на зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 471 возач.

Од нив, соопштија денеска од МВР, 78 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Куманово-84, потоа СВР Охрид-67…

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.