Товарно возило излетало од автопатот Демир Капија – Миравци по тунелот кај месноста Јаворица, синоќа околу 19:30 часот, при што тешко е повреден возачот, соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
„Се работи за товарно возило „волво“ со скопски регистарски броеви, управувано од С. Ј. (37) од Скопје. Тешко повредениот возач бил упатен на лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, рече Додевски.
Извршен е увид на местото на настанот.







