Карневалот во Бразил одложен поради короната

LinkSense.mk

Карневалските поворки во Рио де Жанеиро и Сао Паоло, кои требаше да се одржат кон крајот на февруари, се одложени за април поради новиот бран на инфекција со ковид-19, соопштија вчеравечер бразилските власти.

Градоначалниците на Рио де Жанеиро и Сао Паоло одлучија да ги преместат поворките со танчарите на самба за крајот на април, поради моменталната ситуација со пандемијата во Бразил и за да спасат животи“, се наведува во соопштението на властите на двата најголеми бразилски града.

Во услови на ширење на омикрон“, новата верзија на корона вирусот, и по прославите на Божиќ и Нова Година, Бразил оваа недела имаше 204.854 заразени за еден ден, што е најмногу досега. Од почетокот на пандемијата досега починаа повеќе 622.000 Бразилци.

Во Бразил, речиси 70 отсто од 213 милиони луѓе се вакцинирани со две дози против ковид-19.